Алтер

За ALTER/АЛТЕР – алтернативна платформа за истражувачи во хуманистичките науки

АЛТЕР претставува алтернативно катче при ЗИРМ како слободен простор за ширење на информациите, комуникацијата и вмрежувањето меѓу истражувачите на полињата од хуманистичките науки во Македонија. Замислен е како дигитална алатка за надминување на предизвиците со кои се среќаваат истражувачите низ работата во архиви и институции во државата со помош и непречена достапност на информации, меѓусебна комуникација и самоиницијативност меѓу самите истражувачи. При што, платформата на АЛТЕР е воспоставена врз база на волонтерство (од страна на администраторите на мрежата контакти) и интеракција меѓу воспоставените контакти – погодност за напредок на истражувачите со слични полиња на интерес, менторска поддршка и споделувње на искуства.

Механизмот на АЛТЕР

АЛТЕР функционира преку создавање и одржување online мрежа на контакти на истражувачи од различни полиња на хуманистичките науки по принцип на newsletter и mailing листа која се ажурира навремено, со што контактите ги добиваат сите актуелни податоци за проекти, објавени истражувања, литература, настани, информации за конференциски повици, стипендии и приклучувања во слични мрежи и форуми во Македонија и регионот.

За приклучување кон АЛТЕР потребно е заинтересираните да се пријават на нашиот Билтен. Приклучувањето е бесплатно, со што градиме прва мрежа на истражувачи од хуманистичките полиња во Македонија.

Повеќе информации:

Ивана Хаџиевска

ivana_alter.zirm@yahoo.com