Платформа

Првото и најстаро здружение на историчарите во Македонија денес се стреми да се гради врз општествена граѓанска платформа преку иницирање на современа македонска историографска школа.

Тоа означува разбивање на институционалното сивило присутно при домашните истражувања од полето на хуманистиката и бројните предизвици на младата историографија, преку спој на енергијата која ја носи граѓанско здружување со професионлноста на македонските истражувачи.

Со самоиницијативности и солидарност – кон алтернативни мрежи на современата македонска хуманистика.

Ваквата платформа ќе биде остварена преку следните програмски заложби:
А) Цели
– афирмација на историјата и на сродните науки и дисциплини;
– истражување на македонското историско и културно наследство;
– следење, проучување и решавање на проблемите од историската проблематика кои се јавуваат во научната сфера и во наставата и сл.;
– помагање во стручното усовршување на своите членови и во унапредувањето на наставата по историја;
– соработка и остварување контакти со научни и со стручни здруженија од земјата и од странство.

Б) Механизми
– Вмрежување и комуникација меѓу истражувачите преку мрежата АЛТЕР/ALTER
– одржување редовни годишни собранија, состаноци на своите органи, советувања и сл.
– организирање обуки, работилници, семинари, трибини и предавања;
– учество на конгреси, конференции, симпозиуми, тркалезни маси во земјата и во странство;
– подготовка и реализација на проекти;
– спроведување истражувања во земјата и во странство;
– организирање гостувања во странство, како и предавања од еминентни научници од земјата и од странство;
– издавање печатени материјали, списанија, книги и преводи;
– промоција на активностите на Здружението во медиумите;
– Информираност и достапност на информации преку Интернет-страницата на Здружението.