Повик за учество: Балканската историографија и современите предизвици

Меѓународен научен симпозиум –

Балканската историографија и современите предизвици

по повод 70-годишнината од основањето на
Институтот за национална историја – Скопје

9 − 10 ноември 2018 година
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија

Ако дефиницијата на поимот регион се сведе само на одредена поширока географска површина со слични карактеристики, тогаш Балканскиот Полуостров претстaвува таков специфичен регион во Југоисточна Европа. Но, ако за поимот регион се размислува подлабоко и не се гледа само неговата формална географска рамка,туку се бара и негово целосно поврзување во сите сфери на човековото општење, тогаш и историјата и сегашноста покажуваат дека овој европски полуостров бил и останал најсегментираниот дел на Европа: недоволно поврзан во секаква комуникациска смисла. И оттука треба да се започне ако се сака навистина овој дел од Европа да го добие вистинскиот епитет на регион. Затоа целта на овој меѓународен научен симпозиум е да ги собере и да ги обедини на едно место историчарите, но и научниците од хуманистичките и од општествените науки кои постојано се соочуваат со историографските дилеми, дебати, несогласувања, споделувања, научни предизвици во денешниот динамичен развој не само на именуваниов регион туку и на севкупната човечка цивилизација.

Реферати можат да се испраќаат на следниве теми:

  • Историографијата од перспектива: реевалуација на минатото во современата историографија
  • Балканот и транснационалната историја: перспективи и предизвици во современиот глобализиран свет
  • Политиката наспроти историографијата – историографијата наспроти политиката
  • Национализмот, историографијата и (ре)конструкцијата на минатото
  • Националните прашања на Балканот: современи интерпретации или современи митологизации
  • Етничките стереотипи, историските митови и нивната улога во современите балкански општества
  • Дебата меѓу различните национални истории
  • Споделување на историјата на поделениот Балкан
  • Идеологијата и историјата
  • Распадот на кoмунизмот и ревизијата на историјата
  • Терминолошките историски поими и процеси: проблеми и перспективи
  • Географија, етнографија и терминологија: концепти и пристапи
  • Културата во историјата – историјата во културата
  • Прашањето за идентитетите и за јазичните/културните граници во рамките на балканолошките истражувања
  • Балканолошки школи и центри
  • Интерпретации и контроверзи во толкувањето на балканските култури
  • Меморијата, идентитетот и претставувањето
  • Оралната историја во контекст на современата балканска историографија
  • Политиката на нарација и стратегијата на ангажирањето
  • Литературни модели на претставување и критика на изворите
  • Визуелизација на историјата
  • Наставата по историја: различни интерпретации – различни историски „вистини“

Пријавување

Прв рок за испраќање апстракти и биографии: 15 јуни 2018 г.
Втор рок за испраќање апстракти и биографии: 15 септември 2018 г.
Известување за прифаќање на раните пријави: 25 јуни 2018 г.
Известување за прифаќање на другите пријави: 25 септември 2018 г.
Пријавите треба да се испратат на следниве адреси:
aleksandar.manojlovski@gmail.com;
k.mircevska@yahoo.com

ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА
Григор Прличев бр. 3
1000 Скопје
Република Македонија
тел: + 389 2 3115831

Времето за презентирање на рефератите е ограничено на 15 минути.
Работни јазици: македонски и англиски.
Учеството на Симпозиумот не се наплаќа.
Трошоците за патување и за престој се на товар на самите учесници.

За понатамошни информации можете да контактирате со секретарот на Симпозиумот, д-р Александар Манојловски, на: aleksandar.manojlovski@gmail.com

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *