Повик за собирање материјали за вториот број на списанието Историја за 2018 година

ПОЧИТУВАНИ,

Ве известуваме дека Редакцијата на списанието Историја започна со собирање материјали за вториот број за 2018 година. Прилозите на македонски јазик или на еден од светските јазици треба да се достават во електронска форма кај д-р Марјан Иваноски (sp.istorija@yahoo.com) најдоцна до 10 ноември 2018 година.
Текстовите треба да содржат најмногу до 40 000 карактери со простор, вклучувајќи и резиме (до 100 збора) на англиски (преведено од овластен преведувач) или на македонски јазик (за статиите напишани на странски јазик), фусноти, табели, графикони, фотографии и сл.
Секоја статија треба да биде уредена на следниов начин:
‒ име и презиме на авторот/авторите;
‒ матична институција;
‒ наслов со големи букви;
‒ стандардни маргини, проред 1,5; фонт StobiSerifCn Regular ‒ со македонска поддршка, големина на буквите ‒ 12 во текстот, 10 во фуснотите;
‒ стил на цитирање: Chicago Manual of Style 16th Edition
(в.: https://owl.english.purdue.edu/owl/resource/717/01);
‒ за резимето: име и презиме на авторот/авторите, наслов на статијата (со големи букви), соодветно на англиски или на македонски јазик.

Ви благодариме за соработката,
проф. д-р Драгица Поповска,
главен и одговорен уредник на списанието Историја

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *