[ЗИРМ НАСТАН] „Современата македонска историографија и агората“

Здружението на историчари на Р. Македонија ве поканува на настан за ревитализација и развивање нови идејни концепти за академска солидарност на национално ниво.

За таа цел, придружете ни се на 6. октомври во 12 часот во Институтот за Национална Историја во Скопје, на настанот „Современата македонска историографија и агората“.

 

Оваа средба е замислена како „отворен академски мегдан“ за хуманистичките науки, но и иницирање процес на вмрежување на научниците од полето на историјата и хуманистичките науки на национално ниво, преку проектот на ЗИРМ – Алтер.

Програмата на настанот е осмислена и се врти околу оската „современост-историја-агора“, и вклучува проекција на два краткометражни документарни македонски филма од 60-те, придружени со дискусија од гостите-говорници – проф. д-р Марија Пандевска – научен соработник, ИНИ; проф. д-р Ристо Солучев – универзитетски професор по филозофија, ФЗФ и м-р Борче Милошевски – професор по историја, СУГС „Никола Карев“, Скопје.

Ќе биде презентирана новата платформа на здружението, идните програмски активности, како и мрежата за истражувачи од хуманистичките науки во Македонија – Алтер.

Настанот е автономен концепт на младите членови на ЗИРМ.

Придружете ни се со вашата љубопитност и идеи.