Списание „Историја“ [ПОВИК]

ПОЧИТУВАНИ,

Ве известуваме дека Редакцијата на списанието Историја започна со собирање материјали за првиот број за 2019 година. Прилозите на македонски јазик или на еден од светските јазици треба да се достават во електронска форма кај д-р Марјан Иваноски (sp.istorija@yahoo.com) најдоцна до 1 мај 2019 година.

Текстовите треба да содржат најмногу до 40 000 карактери, со вклучени: aпстракт (до 100 збора) на англиски јазик (преведен од овластен преведувач) или на македонски јазик (за статиите напишани на странски јазик) и цитирана библиографија. Текстот може да содржи и: табели, графикони, фотографии и сл.

Секоја статија треба да биде уредена на следниов начин:
‒ име и презиме на авторот/авторите;
‒ матична институција;
‒ наслов со големи букви;
‒ апстракт (на англиски и македонски јазик);
– клучни зборови (на англиски и македонски јазик);
‒стандардни маргини, проред 1,5; фонт Times New Roman, големина на буквите ‒ 12 во текстот, 10 во фуснотите;

Изворите кои се цитираат или парафразираат во текстот треба да одат во фусноти, според: Chicago Manual of Style 16th Edition
(в.: https://owl.english.purdue.edu/owl/resource/717/01);

Примери:
Книга:
Глигор Тодоровски, Малореканскиот предел (Скопје: Институт за национална историја, 1970), 187-190.
Кога истото дело се наведува повторно на друго место се употребува скратен наслов: Тодоровски, Малореканскиот предел, 199.

Статија во списание:
Глигор Тодоровски, „Исклучувањето на Христијан Тодоровски – Карпош од кумановската гимназија“, Историја год. XXXIII, бр.1-2, Скопје (1997), 183.
Кога истото дело се наведува повторно на друго место се употребува скратен наслов:
Тодоровски, „Исклучувањето на Христијан Тодоровски – Карпош од кумановската гимназија“, 185.

Прилог од книга и од зборник:
Данчо Зографски, „Концепти, програми и проекти за државно конституирање на Македонија“, АСНОМ педесет години македонска држава 1944-1994, гл.ред. Евгени Димитров (Скопје: МАНУ/ИНИ, 1995), 40-43.

Архивски фондови:
ДАРМ, ф ЦК КПМ/СКМ, комисија за национални малцинства, к 128, а.е. 5.

Весници:
„Духовден е роденден на црквата“, Нова Македонија, бр. 24.061, 1-4 јуни 2017, 18.

Веб страница:
Geoffrey Wheatcroft, „Imperial son“, The New York Times, 25.8.2014, https://www.nytimes.com/2014/08/17/books/review/churchill-and-empire-by-lawrence-james.html (пристапено на 11.4.2016).

– Списокот на цитирана литература се наведува на крајот на текстот, подреден по азбучен ред.

Ви благодариме за соработката,

проф. д-р Драгица Поповска,
главен и одговорен уредник на
списанието Историја